Osnovi na menadžment
(Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo:
Ekonomski Fakultet
Вовед
Менаџментот е процес или серија на чекори во
правец на остварување напоставената цел. Тој претставува организациски пофат за
поставување на обврски и односи во претпријатијата. Означува пренесување на
одговорноста за корисно планирање и регулирање на операциите во едно
претпријатие, претставува начин за определување на долгорочната прилагодливост
на претпријатието на окружувањето (стратегиски менаџмент).
Тој е дисциплина која ги систематизира
правилата, принципите и теорите за постигнување на целите, интердисциплинарна
системска наука која означува примена на теории, средства и методи од многу
дисциплини. Исто така се дефинира и како процес на извршување на посебни
функции како што се: планирање, организирање, мотивирање, координирање и
контролирање. Се дефинира и како ефикасно искористување на ресурси. Менаџментот
претставува континуиран процес на донесување на одлуки, извршување и ревизија.
Во современото економско работење нема ниту еден
фактор така важен како што е менаџментот. Без разлика на дејноста на
претпријатието менаџментот наоѓа примена во сите деловни организации, училишта,
универзитети, болници, влади.
Функцијата менаџмент во себе опфаќа повеќе
функции: планирање, организирање, мотивирање, координирање и контролирање.
Списокот на овие функции не е конечен. Може да бидат минимум три: планирање,
организаирање и контролирање, а нивниот максимален број е многу голем т.е.
покрај овие може да бидат и следните: кадри, насочување, раководење,
претставување, иновирање, комуницирање, креирање, предвидување, преговарање
итн. Конечноста на функциите не е дефинитивно одредена. Но, во секој случај,
процесот или функциите на менаџментот се корисна рамка за делувањето на
менаџментот. И покрај многуте функции главни се планирање, организирање,
мотивација, координација и контрола.
Планирање
Примарна обврска на менаџерите е планирањето.
Тие сметаат дека планирањето е примарна функција, а организирањето и контролирањето
се секундарни.
Планирањето се фокусира на иднината: што треба
да се направи и како. Во основа, планирањето како функција вклучува менаџерски
активности за одредување на цели и соодветни начини за постигнување на тие
цели.
Резултат на планирањето е планот, т.е. писмен
документ што дава насока за
делување на фирмата.
Планирањето претставува антиципативно одлучување
за тоа што, кога, зошто, како и кој да направи. Во себе вклучува дефинирање на
цели, политики, планови и имплементација на плановите. За да се направи планот,
прво мора да се дефинираат јасни, конкретни и мерливи цели кои треба да се
остварат во иднина. Потоа, да се одреди начинот на кој ќе се остварат тие цели
и со кој тим ќе се остварат. Откога ќе се дефинираат целите и начините за нивно
остварување, менаџментот составува писмен документ во кој се содржани и целите
и начините за нивно спроведување.
Елементи на планирањето:
Дефинирање на цели
Начела, насоки и критериуми за исполнување на
целите
Ресурси
Имплементација на планот
1) Планирањето започнува со поставување на цели
кои мора да ги задоволат очекувањата на многу и многу пати спротивставени групи
во окружувањето. За да се оствари ова менаџерите морааат да одредат кои цели се
приоритетни и во кое време која цел ќе се оствари. Временската димензија на
целите е многу важна за профитабилноста и за мерење на профитабилноста.
Времетраењето на целите може да биде краткорочно среднорочно и долгорочно.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!